fbpx

Обвинителството нема да соопштува детали околу двојното убиство, ќе се чека обвинението

Материјалните докази со кои располагаме зборуваат со истиот јазик како што зборуваат осомничените, изјави шефот на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски

-

Материјалните докази со кои располагаме зборуваат со истиот јазик како што зборуваат осомничените лица.

Ова беше единственото нешто што го изјави шефот на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски, а во врска со истрагата за двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Тој вели дека во однос на фактите од целиот доказен материјал, конечно ќе се произнесат кога ќе се поднесе обвинение.

„Истрагата во однос на дејствијата е таа, на тоа ниво што ја кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази. А материјалните докази зборуваат со истиот јазик како што зборуваат осомничените“, рече Бубевски.

Тој информираше и дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.

„Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителниот акт“, рече Бубевски.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска повторно не сакаше да открие детали и повтори дека сите информации што ги има полицијата му ги доставила на обвинителството и дека тоа е местото од каде што треба да се бараат одговорите.

За двојното убиство осомничени се шест лица, од кој првоосомничениот, Љупчо Палевски Палчо избега од државата на 30 ноември, три дена по убиството на Вања Ѓорчевска. Тој замина за Србија, а потоа преку Бугарија за Турција, каде што и беше уапсен. Нему му беше одреден 40-дневен екстрадициски притвор во Турција.

Тој се сомничи за грабнување и убиство на свиреп начин.

Љупчо Палевски во 40-дневен екстрадициски притвор во Турција

Во истражниот затвор во Шутка во моментов се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје и чии искази ги доведоа истражните органи до местата каде што се закопани телата на Ѓорчевска и на Жежовски. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации за движењето на неговата ќерка, како и Стефан Димковски, пријателот на Палевски кој го возел од Србија до Турција.

Петмина од шесте осомничени, Палевски, Манев, Кешишов, Видевски и Димковски, се од партијата „Десна“, која најавуваше учество на претстојните избори во земјава.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...