fbpx

Царината одзела возило и стока вредна над 92.000 евра на ГП „Богородица“

Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа привремено задржале товарно моторно возило со полуприколка, натоварено со алуминиумски котури во вредност од 92.635 евра

-

Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа привремено задржале товарно моторно возило со полуприколка, натоварено со алуминиумски котури во вредност од 92.635 евра, откако возачот на возилото – странски државјанин, при влез во земјава на граничниот премин „Богородица“ се обидел на царинскиот орган да му стави на увид транспортно средство на кое е поставено царинско обележје – пломба и овозможил отварање на делот од возилото во кое е сместена стоката.

„Во петок, на 8 декември, царински инспектори на ГП Богородица селектирале на детален преглед товарно моторно возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин, кое транзитирало од Република Грција до Република Германија. Притоа е утврдено дека сајла со поголема должина е намотана на задниот дел кај рачките кој служат за затварање на приколката, а со самото подигање на металната шипка на која што е обвиткана ролетната, церадата се отвара без да се оштети царинското обележје – царинска пломба“, стои во соопштението на Царинската управа.

Со ваквата поставеност на сајлата, возачот направил можност за вадење или пак ставање на друга стока во возилото при премин на гранична царинска линија, со што се прекршува царинската регулатива.

Против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежниот суд за сторен прекршок по член 263 од Царинскиот закон, а согласно член 269 од Царинскиот закон, одземени се стоката и возилото – влекач и приколката и ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...