fbpx

ОБСЕ/ОДИХР: Се врши притисок врз администрацијата да оди на контрапротести

-

Политичката атмосфера во земјата останува тензична, стои во најновиот извештај на набљудувачката мисија за избори во Македонија, ОБСЕ/ОДИХР, и се додава дека опозицијата и некои граѓански организации преку протести бараат одложување на изборите и повикуваат на поголема вклученост на меѓународната заедница во решавањето на кризата, додека контрадемонстранти повикуваат на одржување на изборите на 5 јуни.

Во извештајот се наведува дека демонстрациите се генерално мирни, но имало неколку апсења поради нанесување штета на државни згради и на споменици. Исто така, се наведува дека имаат добиено веродостојни наводи за притисок врз вработените во јавниот сектор за нивно присуство на контрадемонстрациите, но дека официјални приговори не се добиени.

Во врска со работата на Државната изборна комисија (ДИК), се наведува дека таа продолжуваа да работи во многу тензична политичка атмосфера.

„Од 15 април, двата члена номинирани од СДСМ не учествуваат на седниците на ДИК. И покрај законската обврска да се состануваат јавно, ДИК одржа две затворени седници и одлуките не се систематски објавувани на нејзината интернет-страница. Многу подрачни канцеларии на ДИК изразија незадоволство во врска со недостигот од средства и од недоволната поддршка од централата“, стои во извештајот.

Од ОБСЕ/ОДИХР наведуваат дека ДИК назначи нови членови во општинските изборни комисии (ОИК) и оти од четирите поголеми парламентарни партии, само владејачката партија номинирала свои членови во избирачките одбори (ИО).

„Со оглед дека одреден број на ОИК сé уште не се оперативни, назначувањето на членови во ИО е со задоцнување од неколку дена“, наведуваат од мисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...