fbpx

ОБСЕ го поздрави усвојувањето на Извештајот на ДИК

-

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) преку мисијата во Скопје го поздрави вчерашното усвојување на извештајот на Државната изборна комисија и порача дека прочистувањето на избирачкиот список е клучен услов за веродостојни избори.

„Направени се некои позитивни чекори, како измените на Изборниот закон и новиот состав на Државната изборна комисија, но, сепак голем број прашања треба да се решат до изборите. Едно од нив, ако не и најважното, е прочистувањето на избирачкиот список. Кредибилен избирачки список, во кој ќе веруваат сите граѓани, е клучен услов за веродостојни избори“, пишува во изјавата дадена за„ Сакам да кажам“.

Оттаму  ја поддржуваат ДИК да продолжи да работи.

„ДИК активно работи во завршување на вкрстените проверки, а позитивен е и нејзиниот систематски пристап во прочистување на списокот. Мислиме дека сè уште има време ефективно да се решат отворените прашања, за да може претстојните избори да бидат подобри од претходните. Оставаме на ОДИХР да процени дали тие ќе бидат веродостојни, откако ќе се спроведат“, се вели во писмената изјава од мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...