Нуланд в понеделник на средби со политичките лидери и со граѓанскиот сектор

-

Помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, в понеделник ќе допатува во Скопје, соопшти американскиот Стејт департмент.

Нуланд ќе се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и од создавање услови за веродостојни избори.

Посетата на Македонија е во рамките на турнејата на Нуланд во Југоисточна Европа, во чии рамки, покрај Македонија, таа ќе ги посети Грузија, Украина, Полска, Косово, Албанија, Србија и Кипар.

Нуланд го придружува американскиот државен секретар Џон Кери, кој ќе ги посети Грузија, Украина и Полска.

Приведен охриѓанец кој со остар предмет повредил три лица

Приведен е охриѓанец поради сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачки или караница“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчеравечер после полноќ, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со...