среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Викторија Нуланд | 17 резултати

Груевски до Нуланд: Опозицијата да се обврзе дека ќе учествува на изборите

јули 11, 2016

Изборите се единствен излез од наметната политичка криза и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нив, но, за тие да се случат, потребно е опозицијата да се обврзе дека сите услови за нивно одржување се исполнети и дека ќе учествува на нив. Ова го истакнал лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, на денешната средба со помошникот државен […]

Нуланд: Договор ќе има во следните денови

јули 11, 2016

Заменик помошникот државен секретар за Евроазија и Европа при американскиот Стејт департмент, Викторија Нуланд, соопшти дека заминува охрабрена дека во следните денови ќе се постигне договор за спорните прашања. – Се сретнав со четворицата политички лидери и морам да кажам дека заминувам од Скопје охрабрена дека во следните денови преговарачките тимови ќе се согласат со […]

Заев – Нуланд: На следните избори мора да победи слободната волја на граѓаните

јули 11, 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со делегација од партијата, се сретна со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, и со амбасадорот на САД, Џес Белји. На средбата се разговарало за политичката криза во Македонија и за начините за нејзино решавање. „Заеднички е констатирано дека мора да се обезбеди прочистен, доверлив избирачки список и […]

Ахмети – Нуланд: Решението на кризата се демократски избори

јули 11, 2016

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска ја уверил Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, дека ДУИ е најконструктивна за наоѓање решение и за брзо постигнување компромис во актуелната криза во земјава, информираат од партијата. Во соопштението на ДУИ пишува дека Ахмети и Нуланд, […]

Тачи: Не сум баба Ванѓа да знам дали ќе има лидерска средба

јули 11, 2016

Сега е моментот да се прекине политичката криза и да се договори датум за избори и сега сите заедно треба да работиме на тоа, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд. – Зборувавме за тоа дека е крајно време Македонија […]

Викторија Нуланд утре во Скопје ќе се сретне со политичките лидери и со граѓанскиот сектор

јули 10, 2016

Помошникот државен секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, утре ќе допатува во Скопје. Предвидено е таа да се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка за работата на Специјалното […]

Нуланд в понеделник на средби со политичките лидери и со граѓанскиот сектор

јули 6, 2016

Помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, в понеделник ќе допатува во Скопје, соопшти американскиот Стејт департмент. Нуланд ќе се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка […]

Хајндл в среда во Скопје, посетата на Нуланд непотврдена

јуни 30, 2016

Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, в среда ќе допатува во Скопје, потврдија за „Мета“ од Амбасадата на Германија во Скопје. Засега не се откриваат детали од посетата на Хајндл. Се шпекулира дека и заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, ќе ја посети Македонија, но во […]

Попоски се сретна со Нуланд на самитот на НАТО во Брисел

мај 20, 2016

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на редовниот состанок на ниво на министри за надворешни работи, во формат Северно-атлантски совет на НАТО и оперативните партнери во мисијата „Решителна подршка“ во Авганистан. Министрите разговараа за продолжување […]

Ципрас и Коѕиас ја изигнорираа Нуланд, во Гевгелија ја пречека Горанче Савовски

март 11, 2016

Поддршка и солидарност со Грција за бегалската криза по затворањето на балканската рута, од Атина изрази Викторија Нуланд, заменик на државниот секретар за европски прашања на САД. Нуланд во Атина пристигна по вчерашната посета на бегалските кампови на Идомени и во Диавата, во близина на Солун, како и на прифатниот центар во Гевгелија. Во грчката престолнина […]

Викторија Нуланд го посети прифатниот центар за бегалци во Гевгелија

март 10, 2016

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски, денеска во прифатниот центар „Винојуг“ се сретна со помошник секретарот за европски и за евроазиски прашања на Стејт департментот на САД, Викторија Нуланд. Таа го посети центарот за да се запознае непосредно со предизвиците со кои се соочуваат македонските власти и со условите во кои престојуваат мигрантите. […]

Викторија Нуланд во посета на бегалските кампови во Грција

март 10, 2016

Заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, денеска е во посета на бегалскиот камп Идомени на македонско-грчката граница. По посетата на Идомени, Нуланд ќе замине во прифатниот центар во Диавата, во близина на Солун, каде во моментов има околу 2.000 бегалци. Според информациите, заменичката на државниот секретар нема да даде никакви изјави за медиумите. Грчките […]

Груевски денеска во САД, на средба со американскиот потпретседател Бајден

јануари 11, 2016

Премиерот Никола Груевски денеска е во посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде, според најавите, ќе има средба со американскиот потпретседател Џо Бајден, а според непотвредени информации, можни се и средби со други американски функционери. Средбите, како што е предвидено, ќе се одржат во вечерните часови по македонско време. Продлабочување на меѓусебните односи и на соработката, […]

Страна 1 од 1