fbpx

Нови напади на исламистите, во Сомалија загинаа најмалку 30 лица

-

Најмалку 30 лица загинаа во два напади на исламистичката група Ал шабаб во сомалискиот град Баидоа.

– Бројот на жртви се зголеми на 30 и сите се цивили, а 61 лице е повредено од кои 15 тешко – изјавил регионалниот гувернер Абдурашид Абдулахи.

Милитантите од Ал шабаб на прометна крстосница во Баидоа активирале автомобил-бомба, додека мета на вториот напад бил ресторан.

Ал шабаб често врши бомбашки напади во претстолнината Могадишу и во други сомалиски градови, во обид да ја преземе власта од актуелната сомалиска влада, која ја има поддршката од Запад.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...