Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, од кои во: Скопје 23, Куманово 8, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 11, Велес 2, Битола 3, Охрид 8, Кавадарци 1, Гостивар 4, Струмица 1, Македонски Брод 4, Виница 2, Свети Николе 2 и Кичево 2 случаја.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје 57, Дебар 1, Штип 11, Прилеп 8, Тетово 11, Велес 1, Гостивар 2, Кочани 4, Демир Хисар 1, Свети Николе 10, Кичево 2 и Ресен 5.

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), од Гостивар (64г.), од Тетово (82г.) и од Штип (58г.) Сите пациенти починаа во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, на оздравени е 7.221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557. Денес се евидентира еден контролен тест.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 88. На кислородна поддршка се 51 пациент, а 1 е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 2 пациента суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 нови, а вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На респираторна машина се 4. Во Битола има 29, а во Штип 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.