Фото: Ковид-19 пациент на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби | Автор: Арбнора Мемети

Бројот на активни случаи со ковид-19 во земјава достигна 6.064, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 96.152. Само во последните 24 часа, од направени 2.705 тестирања регистрирани се 416 нови случаи со ковид-19 и тоа во: Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1, покажуваат податоците на министерството за здравство.

Оттаму соопштија дека во болнички услови починати се 7 лица, од кои 3 пациенти од Скопје (61г, 66г, 86г), два пациенти од Струга (53г и 73г) и по еден смртен случај од Охрид (69г) и Кавадарци (84г).

Во изминатото деноноќие регистрирани се 278 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и Ресен – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на корона вирус. Од ковид-19 починаа 2.966 лица, а бројката на оздравени пациенти е 87.122.