fbpx

Нови 1.069 случаи на ковид-19, оздравени се 1.242, а починати 29 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-489, Куманово-60, Дебар-3, Штип-42, Прилеп-81, Тетово-36, Струга-36, Велес-36, Битола-37, Охрид-41, Кавадарци-37, Гостивар-42, Гевгелија-9, Струмица-30, Крива Паланка-13, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-10, Ресен-3, Неготино-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.242 оздравени пациенти од: Скопје-326, Куманово-111, Штип-36, Прилеп-69, Тетово-67, Струга-50, Велес-51, Битола-78, Охрид-55, Кавадарци-27, Гостивар-98, Гевгелија-15, Струмица-65, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-33, Пробиштип-5, Демир Хисар-13, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-7, Виница-14, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-68, Ресен-12 и Неготино-14.

Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56г), тројца од Куманово (63, 78 и 62г), четири од Прилеп (73, 65, 76 и 59г), еден пациент од Тетово (62г), двајца од Битола (66 и 85г), еден од Кавадарци (76г), четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58г), тројца од Гевгелија (73, 75 и 71г), двајца од Струмица (63 и 77г), еден пациент од Радовиш (67г) и еден од Неготино (60г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62.945, бројката на оздравени пациенти е 40.188, на починати е 1.792, а бројот на активни случаи изнесува 20.965.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...