Нов судир меѓу Нова демократија и Коѕиас за спорот за името

-

Нова кавга и обвинувања за тоа кој ги штити грчките национални интереси, а кој сака да направи отстапки во спорот за името, избија меѓу опозициската Нова демократија и грчката влада. Причината е одлуката да се ребрендира грчката државна новинска агенција и да се измени нејзиното лого, со тоа што ќе се избрише терминот „македонска“ од логото. Старото лого на Атинско-македонската информативна агенција го содржеше целото име на агенцијата, вклучувајќи го и симболот сонцето од Вергина, додека, пак, новото помодерно лого го содржи само зборот „агенција“.

Бришењето на зборот „македонска“ од логото за Нова демократија е кршење на грчката историја и навреда на јавноста. Дури 53 пратеници од десничарската партија испратија заедничко пратеничко прашање до министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, во кое бараат објаснување зошто е направена оваа промена и на која цел ѝ служи таа. Според нив, бришењето на трите букви кои стојат за македонска информативна агенција и кои се симбол на историјата на Северна Грција се навреда за јавноста и за историското сеќавање.

„Во период кога има интензивни превирања во нашето соседство и кога имаме влада која поради нејзината неспособност и недостиг од планирање и од визија, постојано создава нејасности околу нашите основни позиции околу националните прашања, промената на логото на АПЕ-МПЕ со бришењето на последните три букви отвора многу дилеми. Во спој со неодамнешните изјави на владини функционери, ова создава голема загриженост“, се вели во пратеничкото прашање на Нова демократија.

Министерот Коѕиас одговори само писмено на прашањето, отфрлајќи ги сите обвинувања на опозицијата за какво било омекнување на грчкиот став. Во реакцијата забележува дека промената на логото нема никаква суштинска поврзаност со грчката надворешна политика, коментирајќи дека со ова прашање Нова демократија само се обидува да го одвлече вниманието на јавноста.

„Иако прашањето не заслужува сериозен третман, ве упатувам кон изјавите и соопштенија од министерството, кои покажуваат сè освен инертност во однос на заштита на нашите национални позиции“, вели Коѕиас во реакцијата.

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...