fbpx

Македонската и албанската царина заедно ќе се борат против царински измами

-

Во Поградец, Република Албанија, се одржа билатерална средба помеѓу царинските управи на Република Македонија и на Република Албанија.

Состанокот на делегациите, предводени од директорите на двете служби, се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија за заемна помош и соработка помеѓу царинските органи.

Двете делегации разговарале за унапредување на електронската размена на царински податоци за спречување царински измами во двете земји, унапредување на соработката на оперативно ниво при вршењето на тековното царинско работење, координирање на активностите во насока на олеснување на трговијата и на безбедноста, како и за меѓусебна соработка помеѓу службите при имплементирање на современите компјутерски системи.

Претставниците на царините од двете земји усвоиле и повеќе заклучоци кои ќе бидат содржани во акционен план за размена на податоци за спречување на царински измами.

Искажано е задоволство од досегашната соработка и заинтересираност за организирање на нови активности и за размена на искуства што ќе биде од полза за двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...