fbpx

Нов роман и поетска збирка од Петко Шипинкаровски

-

Културниот центар „Бран“ од Струга ја објави најновата поетска книга, петта по ред, „Доаѓаат дoждовите“, од авторот Петко Шипинкаровски.

Во најновата поетска книга „Доаѓаат дождовите“, Шипинкаровски, во препознатлив стил, ја продолжува сопствената поетска патека што ја зацртал во предходните „Седело на орлица“, Злоуми“, „Бели ветрови“ и „Бели утра“.

Шипинкаровски претходно гo објави и најновиот роман „Утринска молитва“, кој следува по „Откорнати души“, „Петра“, „Црна љубов“, „Дабјак“, „Златни обетки за Марија“ и по „Децата на Марија”.

„Среќата и радоста, подемот и поразот, смртта и поразите еднакво и постојано ги доближуваат народите едни кон други. Од причина што животот е еден и неповторлив, го уриваат војни, болести, делби и преселби, но постојано наспрема нив се градат нови мостови на пријателство, доверба и соработка меѓу народите и државите“ – пишува литературниот критичар Васил Тоциновски во својата рецензија за романот „Утринска молитва”.

Шипинкаровски досега има објавено десетина романи, две романизирани монографии, книгата раскази „Залезнина“ и монодрамата за Толе Паша.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...