fbpx

Ниту Израел, ниту богатите арапски земји не ги сакаат бегалците од Сирија

-

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска ги одбил барањата на опозицијата да ги прифати бегалците од војната во соседна Сирија, изјавувајќи дека неговата земја не е рамнодушна на трагедијата, но е мала и мора да се заштити од тероризмот и од илегалната миграција, пренесува ХРТ.

Израел ја смета Сирија за непријателска држава со која војувала повеќепати од 1948 година.

Истовремено, ниту богатите арапски земји не покажуваат преголема емпатија кон страдањата на Сиријците. Четирите најбогати арапски земји – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Кувајт – досега не примиле ниту еден бегалец.

Како што потсетува „Би-Би-Си“, ниту една од овие држави не ја потпишала Конвенцијата за бегалци од 1951 година.

Најмногу бегалци од Сирија, речиси 2 милиони, се наоѓаат во бегалските кампови во Турција, а дел од арапските земји се пренатрупани со бегалци од претходните војни. Така, Либан во моментот згрижува околу 1,2 милиони, а во Јордан се наоѓаат повеќе од 628.000 бегалци.

Министрите за надоворешните работи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ја разгледуваат можноста за воспоставување бегалски центри надвор од Европа, како еден од начините за решавање на кризата, пренесува ХРТ.

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, повика на поставување прифатни центри во близина на воените зони, „надвор од Европа, каде веќе постојат бегалски кампови“, но високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, смета дека за организирањето такви центри би биле потребни „огромни средства“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...