fbpx

„Евробаскет 2015“: Македонија ја победи Холандија со 78 – 71

-

Во второто коло од натпреварите по групи, македонската кошаркарска репрезентација денеска ја совлада селекцијата на Холандија со резултат 78 – 71, со што ја забележа првата победа на Европското првенство, кое се игра во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција.

Македонските кошаркари имаа одлична реализација на шутевите за три поени, што, всушност, беше нашето главно оружје на натпреварот за кое Холанѓаните не успеаја да најдат решение.

Најефикасни во нашиот тим беа Владо Илиевски со 14 поени, а Бојан Тајковски и Александар Костовски додадоа уште по 13 коша. Кај селекцијата на Холандија најпрецизен беше Николак де Јонг со 19 поени.

За тимовите од нашата група Ц утре е слободен ден, а натпреварите продолжуваат во вторник, кога македонската репрезентација се среќава со домаќинот Хрватска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...