Нетфликс им заштедува време на гледачите

Многу луѓе преферираат да гледаат на Нетфликс наспроти телевизија, а една од причините е тоа што на оваа платформа нема реклами. Според податоци што велат дека просечното траење на реклами во рок од еден час е 18 минути, просечен корисник на Нетфликс кој поминува 2 часа дневно на оваа платформа заштедува 36 минути кои инаку би ги поминал гледајќи реклами. На годишно ниво тоа значи дека корисниците “заштедуваат“ 219 часа односно 9,1 ден. Оваа бројка е дури и зголемена во минативе месеци поради моменталната пандемија на Ковид-19, што значи дека луѓето поминуваат време на оваа платформа повеќе од било кога претходно.