fbpx

Неправилности во обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и во Центар Жупа

-

Во заедничка координирана акција на Секторот за внатрешни работи Охрид и на Управата за јавни приходи (УЈП), кај пет обложувалници биле констатирани прекршоци на законот за игри на среќа и забавни игри. Контрола била извршена во 20 обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и во Центар Жупа.

Една обложувалница во Центар Жупа и две обложувалници во кичевските села Зајас и Грешница приредувале игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од надлежен орган.

– Во обложувалницата во општината Центар Жупа одземени се пет телевизори, два компјутери, еден принтер, 4.548 денари и друга опрема. Во обложувалница во селото Зајас одземени се два телевизори, два компјутери, еден принтер, 1.880 денари и друга опрема, а во село Грешница одземени се два телевизори, два компјутери и три принтери. При контрола во обложувалница во селото Зајас, констатирано е дека извршува дејност без регистрирана фирма, за што се изречени глоби врз основа на законот за регулирање на готовински промет – соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Неправилности се констатирани и во обложувалници во струшките села Подгорци и Долно Татеши поради немање фискален апарат, а една обложувалница е затворена до 30 дена.

Во согласност со Законот за игрите на среќа и забавните игри, на правните лица каде се констатирани неправилности, ќе им бидат поднесени кривични пријави.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...