Со почеток од градското пристаниште, нуркачи од Македонија и од Албанија денеска ја почнаа реализацијата на проектот за пренуркување на Охридско Езеро. Тие предходно имаа дефиле низ Старата охридска чаршија.

Охриѓани и туристите, кои денеска беа на крајбрежјето на Охридско Езеро, ги поздравија нуркачите и им посакаа успешна реализација на проектот.

Проектот ќе трае во наредните три-четири месеци, а предвидено е просечно дневно да се нурка од 90 до 120 минути.

В.М.