fbpx

Немири во САД откако полицијата уби Афроамериканец

-

Најмалку 12 полицајци се повредени во немирите во Северна Каролина кои избија откако полицијата уби маж од афромаериканско потекло во станбен комплекс во градот Шарлот. Полицијата соопшти дека убиениот бил вооружен и оти претставувал закана.

Неколку десетици демонстранти блокираа автопат, поставувајќи ги своите возила и палејќи оган. Двете ленти на автопатот се сè уште блокирани поради полициската акција која е во тек, соопштија властите.

Поголема група демонстранти се собраа во текот на ноќта на местото каде е извршено убиството. Тие со камења ја гаѓале полицијата и ги уништувале полициските возила. Полициските сили употребиле солзавец за да ги растераат насобраните луѓе.

Портпаролот на полицијата, Кит Тритли, рече дека полицијата отишла во комплексот со налог за апсење на осомничен кога го здогледала мажот во автомобилот, но тој не бил осомничениот по кој трагале. Мажот излегол од возилото, носејќи пиштол, а полицајците сметале дека претставува закана, поради што еден од нив стрелал во него.

Мажот, кој е идентификуван како Кит Лајмон Скот (43), пренесен е во болница, каде е прогласен за мртов.

Полицаецот кој пукал во него е пратен на административно отсуство, што претставува стандардна процедура во такви случаи.

Протестите во Шарлот почнаа неколку часа откако полицијата во градот Талса, во сојузната држава Оклахома, уби невооружен маж, исто така од афроамериканско потекло.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Просечните трошоци за еден семестар, студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра, покажува најновото истражување на Форумот за образовни промени. Целта на документот „Студентска...