fbpx

Немири во Париз поради полициска бруталност

-

Седумнаесет лица се уапсени во немири во предградие на Париз кои избија откако полицаец, наводно, со пендрек, сексуално малтретирал црно момче.

Демонстрантите во текот на ноќта палеле автомобили и контејнери, а насилствата од североисточното предградие на Париз се прошириле во уште пет града.

Протестите и немирите почнаа по извештаите дека полицијата минатата недела нападнала 22-годишен црнец за време на редовна проверка на лични документи.

За време на насилствата во понеделникот, полицијата привела 26 лица.

Момчето Тио, чие презиме не се открива, изјавило дека четворица полицајци го удирале, го прскале со солзавец и го силувале со полициска палка.

Еден полицаец во неделата е обвинет за силување, а тројца за тежок напад.

Тио добил тешки повреди и е опериран, но и понатаму е во болница, каде вчера попладне го посети претседателот Франсоа Оланд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...