fbpx

Нухиу: Ако има нова бегалска криза, нашите капацитети нема да бидат доволни

-

Доколку мигрантската криза се повтори, ќе биде потребно повторно ангажирање на целокупните државни капацитети како и при првиот бран, а многу веројатно и ангажирање на дополнителни капацитети за спречување на илегалното преминување на државната граница на Република Македонија.

Ова денеска го истакнал министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на Конференцијата на министрите за внатрешни работи и за одбрана во рамките на Салцбуршкиот форум, што се одржува во Виена.

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на конференцијата нагласил дека договорот меѓу Европската Унија и Турција мора да се почитува и дека постои потреба од унапредување на координацијата и на размената на информации и на податоци помеѓу земјите на т.н. балканска рута.

„Ние очекуваме дека сите мерки преземени од Европската Унија, НАТО и од државите во овој формат, ќе дадат добри резултати. Во тој контекст, од Европската Унија очекуваме интензивен ангажман и лидерство“, рекол Јолевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...