Фото: Testalize.me on Unsplash

Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19 од: Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1.

Регистрирани се 18 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2, Куманово, Битола и Кичево – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413.