fbpx

Немањето заеднички гранични премини го отежнува работењето на железницата

-

Македонија и Косово потпишале договор за воведување на заеднички гранични контроли во железничкиот сообраќај уште во 2011 година, но до денешен ден не е изградена заедничката зграда за царината, полицијата и инспекциските служби. Како што информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски, ваквиот објект треба да го изгради косовската страна во Хани и Елезит, по што целокупната контрола на границата меѓу двете земји би се вршела на едно место.

Но, доцнењето на изградбата на заедничкиот објект меѓу Македонија и Косово не е единствениот проблем за меѓународниот железнички сообраќај. Нашата земја и со Србија требаше да воведе заедничка гранична контрола, при што обврската за изградба на идниот објект во овој случај е наша и ќе треба да се изведе до железничката станица во Табановце. Иако спогодбата меѓу македонската и српската влада беше потпишана во 2015 година, финансиите за заедничкиот граничен премин дури сега се обезбедуваат, а воведувањето на заедничките гранични контроли ќе ја чека 2023 година.

Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ посочуваат дека заедничките гранични објекти не се во нивна ингеренција, но чекањето на возовите за гранична контрола на двете страни од границата многу ги засега. Тие посочуваат дека поволностите од воведувањето на заеднички гранични контроли се првенствено во намалувањето на царинските формалности. Пратките пратени со воз побрзо ќе стигнуваат до клиентите, а ќе се зголеми и протокот на товарни возови на самите гранични премини.

Објектот за заедничка гранична контрола меѓу Бугарија и Романија на железничката станица во Видин; Фото: Бојан Блажевски.

Освен со Србија и со Косово, спогодба за идни заеднички контроли на границата треба да се склучи и со Грција, но прашање е и таа кога ќе се реализира.

– Со Република Грција постапката за склучување билатерални договори за двата премина е во напредна фаза – велат од Министерството за транспорт и врски.

Во случајот со Грција, на преминот Гевгелија – Идомени ќе треба да се гради заедничка гранична зграда во Гевгелија. На преминот Кременица – Неа Кафкасос, Грција треба да го презеде задолжението за подигање на ваков објект во Неа Кафкасос. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во февруари годинава нагласи дека двете земји треба да го финализираат текстот на Спогодбата за утврдување на граничните процедури за двата железнички премина, но ваквиот документ не е потпишан до денешен ден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...