fbpx

Неделков: Јавен обвинител со истечен мандат нема легитимитет да застапува обвинение

-

Адвокатите на Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ го оспорија легитимитетот на обвинителот Владимир Милошевски и до судот приложија одлука на Советот на јавни обвинители, според која на Милошевски му е истечен мандатот во обвинителството за организиран криминал и за корупција.

Според одлуката на Советот, што ја приложија адвокатите, Милошевски бил привремено распореден во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција на 1 јуни 2016 година до 30 ноември, кога му истекол мандатот.

– Имаме ситуација во која обвинител нема овластувања да презема какви било дејства во име на ОЈО за организиран криминал и корупција и не може да застапува обвиненија на ова обвинителество – рече адвокатот на Заев, Филип Медарски.

На ова, Милошевски пред судот изјави дека предметот го застапува ОЈО за организиран криминал и корупција, а со оглед дека предметот му е даден и е присутен на рочиштето, тој може да го застапува.

Адвокатот на Заев, Јаким Неделков, од судот побара да се изјасни и да донесе решение дали ќе му дозволи на јавен обвинител со истечен мандат и без легитимитет да застапува обвинение. По ова судијката Дијана Груевска-Илиевска даде пауза од 10 минути и се повлече со членовите на судечкиот совет за да донесат одлука по наводите на одбраната на Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...