fbpx

НАТО и ЕУ се согласиле „робустно да одговорат“ на кампањите за дезинформирање

-

„Министерката Радмила Шекеринска денеска изложи листа на сојузници кои помогнале и помошта која и ја пружиле на Северна Македонија во борба со пандемијата. Мислам дека тоа е најдобриот начин за спротивставување на секој обид за спроведување на кампања за дезинформирање, затоа што со дејствување праќаме јасна порака“, рече вечерва генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана.

Сојузниците денеска зборувале и за потребата од сузбивање на дезинформациите и се согласиле заедно со Европската унија „робустно да одговорат“ на кампањите за дезинформирање.

– Најдобар одговор на дезинформациите и пропагандата е слободното, независно новинарство, работата на новинарите. Затоа што кога тие ќе ги проверат фактите, кога ќе ги проверат изворите, кога прашуваат тешки прашања, тогаш дезинформациите и пропагандата никогаш не можат да успеат – нагласи Столтенберг по состанокот.

Состанокот, втор одржан по телеконференциска врска, беше и прво учество на македонски министер за одбрана откако земјава стана 30. сојузник. Сојузниците зборуваа за справување со пандемијата на Ковид-19, но и за справување на дезинформациите и пропагандата врзана за пандемијата.

Изјавата на Столтенберг беше одговор на прашање на црногорска новинарка, која праша дали НАТО ќе испрати тимови за справување со дезинформации во Црна Гора и Македонија, како што најави амбасадорката на САД во НАТО.

– Конкретната поддршка е најдобра поддршка. Значи, им пружаме поддршка на нашите сојузници на Западен Балкан, но денеска дискутиравме и со врховниот сојузнички командант генерал Тод Волтерс како да ја забрзаме и зголемиме поддршката, рече Столтенберг.

На својот прв состанок како министерка на сојузничка земја, Шекеринска понудила поддршка на силите на КФОР за итни медицински потреби.

Пред две недели, министрите за надворешни работи на НАТО земјите му дадоа задача на генерал Волтерс да состави наменски сили за справување со Ковид-19, да ги координира напорите на сите сојузници и да примени брзи и ефикасни процедури за доставување на помош.

На денешниот состанок, Волтерс ги информирал министрите дека НАТО во минатите две недели извел повеќе од 100 летови за транспорт на медицински персонал, залихи и опрема меѓу сојузниците, поставил 25 теренски болници, доставил повеќе од 25.000 болнички легла на постоечките зравствени капацитети и испратил повеќе од 4.000 војници како подршка на напорите на цивилните власти на терен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...