вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Jens Stoltenberg | 38 резултати

Столтенберг му одговори на Димитров, Пристапниот протокол за НАТО се подготвува

28 јануари 2019

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска испратил возвратно писмо до министерот за надворешни работи Никола Димитров, со кое го потврдува приемот на писмото што шефот на македонската дипломатија го упати до Столтенберг на 21 јануари. Во тоа писмо Димитров искажува подготвеност „земјата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членство на Република […]

Столтенберг: Скопје и Атина до 15 февруари да завршат со Преспанскиот Договор

3 јануари 2019

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа. Тоа, според грчкиот весник „Катимерини“ е наведено во писмо од Столтенберг, порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес. „Според некои назнаки, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испратил писмо во кое Скопје и Атина се повикуваат […]

НАТО и ЕУ со разочарување за прогласувањето армија на Косово

14 декември 2018

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска порача оти е разочаран од одлуката на косовскиот парламент да ги донесе законите со кои Косовските безбедносни сили (КБС) ќе се трансформира во армија и покрај забраната од алијансата. Реагираше и Маја Коцијанчич, портпарол на ЕУ за надворешни работи и европска соседска полиција и проширување. -Иако трансформацијата на […]

Косово ги донесе законите за формирање армија, Србија на готовс

14 декември 2018

Косовските пратеници претпладнево ги изгласаа трите закони кои се однесуваат на промена на мандатот на Косовските безбедносни сили (КБС) во војска, со што Косово и официјално влезе во процес на добивање своја армија. Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, порача дека војската е на готовс. Седницата на косовскиот парламент, започна со едноминутен молк во […]

Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

5 декември 2018

Американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер, вчера во Сараево рече дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година, доколку го примени Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција. Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за […]

Столтенберг: Нема друг пат за НАТО освен „да“ на референдумот

6 септември 2018

Ова е историска можност, неповторлива можност да станете целосна членка на меѓународната заедница, но за да го направите тоа, мора да ја прифатите спогодбата со Грција. Нема друг пат!, ѝ порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на македонската опозиција на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Зоран Заев. – Знам дека некои мислат дека […]

Мицкоски: Партијата привршува со консултациите за референдумот

6 септември 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговарале за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум, информираат од партијата. Од таму велат дека „Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се […]

Половина војници на АРМ, статистички, веќе учествувале во мисии на НАТО

6 септември 2018

Повеќе од 4.000 војници на АРМ досега учествувале во мисиите на НАТО, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешната средба со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, во касарната „Илинден“ во Скопје. – Денеска генералниот секретар на НАТО беше присутен во Стајковци, каде што Македонија, во блиското минато, можеше да смета на НАТО. […]

Столтенберг верува во конечна реализација на Договорот со Грција

6 септември 2018

На средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторите на Пратеничките групи во Собранието,  Соња Мираковска, Драган Данев, Ејуп Алими и Африм Гаши, како и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг нагласил оти е свесен дека обврските од Договорот на Македонија со Грција се чувствителни […]

Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

20 јуни 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спорот за името, јави МИА. – Се надевам дека ќе има напредок со поранешната […]

Столтенберг: Русија не одлучува за членството на Македонија во НАТО

26 април 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денеска порача дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата во Алијансата, пренесува МИА. На прес-конференција ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Брисел, генералниот секретар Столтенберг, прашан да ги коментира изјавите на рускиот амбасадор во […]

Нема план Б за влез во НАТО, името мора да се реши, порача Столтенберг

18 јануари 2018

Мора да бидам искрен со вас и не е добро да ве лажам – нема план Б и нема влез во НАТО сè додека не се реши проблемот со името, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во три наврати, одговарајќи на новинарски прашања дали е можен прием со привремената референца на денешната прес-конференција по […]

Столтенберг: Вратата е отворена, но преминувањето на прагот бара работа

18 јануари 2018

Вратата на НАТО е отворена за нови членови, но преминувањето на прагот бара сериозна работа, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во обраќањето пред пратениците, државниот врв и првите луѓе на повеќе институции на седница на Собранието на Република Македонија. Во него тој посебно се осврна и ги пофали ратификацијата на Договорот за добрососедство […]

Пред Собранието протести против НАТО и бандера кутната од ветрот

18 јануари 2018

Припадниците на Левица и поранешната пратеничка Солза Грчева одржаа протест пред Собранието на Република Македонија пред пристигнувањето на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, кој треба да се обрати пред пратениците. Покрај демонстрантите, кои извикуваат анти-НАТО пароли, се наоѓа падната бандера, која била кутната од ветрот.

Генералниот секретар на НАТО денеска и утре на средби со државниот врв во Скопје

17 јануари 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Се очекува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Столтенберг утре напладне ќе се […]

Столтенберг: САД и Турција треба да најдат решение за спорот

14 октомври 2017

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика САД и Турција да пронајдат решение за кризата во односите помеѓу двете клучни членки на Алијансата. Тој ја истакна важната улога на Турција во борбата против тероризмот. – Ги повикувам САД и Турција да најдат решение затоа што за Алијансата е важно да можеме блиску и меѓусебно […]

Столтенберг: Балканот останува приоритет на НАТО, Белград и Приштина да ги смират тензиите

3 февруари 2017

Балканот беше и останува еден од критичните региони и приоритети на НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Приштина. Тој посочи и дека е важно да се спроведуваат договорите што досега се постигнати во дијалогот на Приштина и Белград и истовремено им порача на политичките водачи во Белград и Приштина […]

Столтенберг: Иванов да го повлече помилувањето за да останат шансите за НАТО

18 мај 2016

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја предупреди Македонија да не дозволи политичката криза да и ги урне надежите за влез во Северноатлантската алијанса, јавува „Ројтерс“ Во својата прва реакција за кризата, Столтенберг го повика претседателот Ѓорге Иванов да го повлече помилувањето на политичарите и нивните соработници. – Вратата на НАТО e сè уште […]

Столтенберг: Русија и Исламска држава се главни предизвици за НАТО

11 април 2016

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека Русија и Исламска држава се „двата главни, меѓутоа различни предизвици со кои се соочува НАТО на истокот и на југот“. Тој рече дека главната причина за неговата посета на Вашингтон се разговорите за претстојниот самит на Алијансата во Варшава, каде ќе стане збор за зајакнува на одговорот […]

Столтенберг ги осуди нуклеарната проба и заканувачката реторика на Пјонгјанг

6 јануари 2016

Јанс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, во изјава за нуклеарната проба на Северна Кореја вели дека ја поткопува регионалната и меѓународната безбедност, како и дека ги нарушува резолуциите на Советот за безбедност на ОН. – Го осудувам продолжувањето на разработувањето нуклеарно оружје и балистички ракетни програми на Северна Кореја, како и заканувачката реторика на Пјонгјанг. […]

Страна 1 од 2