Половина војници на АРМ, статистички, веќе учествувале во мисии на НАТО

-

Повеќе од 4.000 војници на АРМ досега учествувале во мисиите на НАТО, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешната средба со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, во касарната „Илинден“ во Скопје.

– Денеска генералниот секретар на НАТО беше присутен во Стајковци, каде што Македонија, во блиското минато, можеше да смета на НАТО. Сега сме во касарната „Илинден“, каде што имавме прилика да ги видиме припадниците на АРМ на кои што во минатото НАТО можеше да се потпре, бидејќи повеќе од 4.000 припадници на нашата армија учествуваа во различни мисии предводени од НАТО во изминативе години. За нас ова е партнерство на кое што можеме да се потпреме – рече Шекеринска.

Таа и оддаде признание на АРМ, дека била „беше постојан, тивок, но многу видлив и признаен дипломат, којшто лобираше Македонија да стане членка на НАТО“.

Во моментов АРМ има проектирана бројна состојба од 8.167 припадници, што значи дека статистички повеќе од половина од нејзините припадници веќе биле во мисија предводена од НАТО. Со новиот Стратегиски одбранбен преглед, пак, кој беше донесен во јуни, АРМ ќе брои околу 6.800 активен воен персонал.

Македонија учествува во мисии предводени од НАТО од 2002 година, кога испрати двајца офицери на АРМ во Авганистан во рамки на турскиот контингент.

Скопскиот аеродром од мај добива директни летови до Барселона и Лион

Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај ќе биде поврзан со градовите Барселона и Лион. Овие се летови кои што се враќаат по неколку години пауза. Авионските летови ќе бидат извршувани од буџетната...

Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство на подмолен начин на татко и син

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против двајца браќа, на возраст од 23 и 31 година, кои се товарат за убиство и за обид за убиство на подмолен начин. Според...

Семејствата на жртвите во Кочани утре на протестен марш во Скопје

Семејствата на настраданите во пожарот на импровизираната дискотека „Пулс“, утре (вторник) организираат протестен марш под името „Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12:05 часот. Времето симболизира задоцнета одговорност и...

Дезинформаторски телеграм-канал на македонски – дел од руската мрежа „Правда“

Дезинформаторскиот телеграм-канал Нов постзападен мултиполарен свет, не е новост и сам по себе не е влијателен, но загрижува тоа што од неодамна е врбуван како извор за новости за македонската филијала...

Скопскиот аеродром од мај добива директни летови до Барселона и Лион

Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај ќе биде поврзан со градовите Барселона и Лион. Овие се летови кои што се враќаат по неколку години пауза. Авионските летови ќе бидат извршувани...