fbpx
Таг: Jens Stoltenberg

таг: Jens Stoltenberg

Столтенберг: Балканот останува приоритет на НАТО, Белград и Приштина да ги смират тензиите

Балканот беше и останува еден од критичните региони и приоритети на НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Приштина. Тој посочи и дека е важно да се спроведуваат договорите што досега се постигнати во дијалогот на Приштина и Белград и истовремено им порача на политичките водачи во Белград и Приштина да ги смират тензиите. - Стабилноста...

Столтенберг: Иванов да го повлече помилувањето за да останат шансите за НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја предупреди Македонија да не дозволи политичката криза да и ги урне надежите за влез во Северноатлантската алијанса, јавува „Ројтерс“ Во својата прва реакција за кризата, Столтенберг го повика претседателот Ѓорге Иванов да го повлече помилувањето на политичарите и нивните соработници. - Вратата на НАТО e сè уште отворена, но особено е важно лидерите...

Столтенберг: Русија и Исламска држава се главни предизвици за НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека Русија и Исламска држава се „двата главни, меѓутоа различни предизвици со кои се соочува НАТО на истокот и на југот“. Тој рече дека главната причина за неговата посета на Вашингтон се разговорите за претстојниот самит на Алијансата во Варшава, каде ќе стане збор за зајакнува на одговорот кон Русија, која е „одговорна...

Столтенберг ги осуди нуклеарната проба и заканувачката реторика на Пјонгјанг

Јанс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, во изјава за нуклеарната проба на Северна Кореја вели дека ја поткопува регионалната и меѓународната безбедност, како и дека ги нарушува резолуциите на Советот за безбедност на ОН. – Го осудувам продолжувањето на разработувањето нуклеарно оружје и балистички ракетни програми на Северна Кореја, како и заканувачката реторика на Пјонгјанг. Ја повикувам Северна Кореја да...

Продолжуваат дипломатските тензии меѓу Русија и Турција

Дипломатските несогласувања меѓу Русија и Турција продолжуваат поради соборувањето на рускиот авион. И двете страни не отстапуваат од своите ставови. Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, рече дека претседателот Владимир Путин нема да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на Самитот за климатските промени, сè додека Турција не се извини за уривањето на рускиот авион. Истовремено во Брисел,...

НАТО ја одржа најголемата воена вежба во Европа

Денеска завршува најголемата воена вежба на НАТО во последните 13 години, која се одржа во Италија, Португалија, Шпанија, на Средоземно Море и на Атлантскиот Океан, но и во Канада, Норвешка, Белгија и во Холандија. Во вежбата учествувале 140 авиони, 90 бродови и подморници, 36.000 војници, морнари, пилоти од повеќе од 30 земји, меѓу кои и Австрија и Швајцарија, кои не...

Столтенберг: Русија трупа сили од Балтикот до Средоземното Море

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази загриженост поради натрупувањето руски воени сили на подрачјето од Балтикот до Средоземно Море и ја повика Алијансата да осмисли одговор на тоа. Столтенберг навел дека Русија ги концентрирала своите воени сили во Калининград, на Црно Море и на источниот Медитеран, од каде му дава поддршка на претседателот Башар ал Асад. Шефот на НАТО на прес-конференцијата во...

НАТО: Русија ја продолжува војната во Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска оцeни дека со поддршката што Русија му ја дава на сирискиот претседател Башар ал-Асад ја продолжува војната во Сирија и ја повика Москва да се придружи во борбата против терористичката организација Исламска држава. Столтенберг изјави дека нарушувањата на воздушниот простор на Турција и на НАТО се неприфатливи и дека Алијансата е загрижена заради воените...

НАТО ќе ги разгледува „проблематичните воени активности“ на Русија во Сирија

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе ја разгледуваат „проблематичната ескалација на руските воени активности“ во Сирија, изјавил генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите, јавува „Би-Би-Си“. Според информациите, Столтенберг изразил загриженост поради употребата на крстосувачки ракети од Русија, покрај воздушните напади и додал дека НАТО е подготвена да ги брани сите...

НАТО го поздрави договорот помеѓу Грција и ЕУ

НАТО го поздрави договорот за програмата за помош помеѓу Грција и Европската унија. Од Алијансата истакнуваат дека грчката економска стабилност има витално значење за безбедноста на другите земји-членки на НАТО. - Го поздравувам договорот затоа што мислам дека е важен за грчката економоја, но и за Европа во целина, како и за НАТО. Стабилноста и економскиот напредок на Грција се...

Столтенберг: Грција е потенцијален безбедносен проблем

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, во заедничката изјава по разговорите, оцениле дека Грција е силен сојузник во НАТО, но и потенцијален безбедносен проблем. - Грција беше и останува силен сојузник. Грчката влада повеќепати потврди дека нема да ја поврзе должничката криза со својата цврста посветеност кон НАТО – рече Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање. Хрватскиот премиер...

Генералниот секретар на НАТО им се извини на Грците за „Македонија“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ѝ се извини на Грција за користењето на името „Македонија“ наместо референцата БЈРМ на последниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Столтенберг образложил дека не било намерно именувањето на Македонија под уставното име, туку случајна грешка. Како што информираат грчки дипломатски извори, Столтенберг се извинил на состанокот со грчкиот постојан претставник во...

Грците нервозни: Столтенберг четирипати рече „Македонија“

Именувањето на Македонија под уставното име од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предизвика реакции во Грција. Грчките претставници на заедничкиот состанок на министри за надворешни работи и за одбрана на ЕУ реагирале веднаш штом Столтенберг почнал да нè именува „Македонија“. Грција планира да испрати протестна нота од постојаното претставништво на Грција во НАТО до генералниот секретар за да реагира за оваа...

Столтенберг: Да се избегне ескалација на кризата во Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на заседанието на министрите за надворешни работи и за одбрана на алијансата во Брисел, се задржа и на настаните во Македонија. - Верувам дека мирните демонстрации се дел од демократското општество. Најважно е да се избегне ново насилство, да се направи сè за да се осигури развој на демократските институции и во целост...

Генералниот секретар на НАТО повика на воздржаност и на истрага

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази голема загриженост за ситуацијата во Куманово и во Македонија и изрази сочувство за семејствата на загинатите и на ранетите. „Важно е сите политички лидери и лидери на заедници заедно да работат за да го вратат мирот и да спроведат транспарентна истрага за да се воспостави што се случило. Итно ги повикувам сите на...

Обама нема време за Столтенберг во Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама нема да се сретне со новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој стапи на должност минатиот октомври, иако првиот човек на Алијансата е во тридневна посета на Вашингтон, јавува американската агенција „Блумберг“. Од канцеларијата на Столтенберг побарале состанок со Обама значително пред планираната посета на Вашингтон, но не добиле одговор од Белата куќа, иако лидерите...

Канада ќе го разгледува продолжувањето на мисијата против ИД

Канадскиот премиер Стивен Харпер денеска ќе расправа за плановите на неговата влада за продолжување и за проширување на воената мисија против милитантнта група Исламска држава на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Харпер и Столтенберг денеска ќе се сретнат во Отава, соопшти висок претставник на канадската влада. Канада има 69 припадници на специјалните сили што се борат на страна на...

Столтенберг: Ситуацијата во Источна Украина сè уште е ризична

Постои мало подобрување на ситуацијата на истокот на Украина, но и понатаму постојат ризици, оцени генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за германскиот весник „Велт“. Според Столтенберг, на територијата на Источна Украина сè уште се забележуваат руски војници кои ги поддржуваат сепаратистите, но оти е намален бројот на инциденти во реонот на Донбас.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...