fbpx

Прераспределбата на средства во буџетот скрати пари за железницата, браната Отиње и за канализации

-

Одлуката на владата за прераспределба на дел од средствата од државниот буџет меѓу буџетските корисници на централната власт доведе до намалување на овогодишните средства со кои располага Министерството за транспорт и врски за околу 5,1 милиони евра, се наведува во одлуката објавена во Службениот весник. Најголеми кратења има кај ставките инвестиции во железничката инфраструктура (околу 1,6 милиони евра) и кај градежните објекти во секторот урбанизам и градежништво (над 2,1 милиони евра).

Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ појаснуваат дека се работи на намалување на финансиските средства само кај проектите за изградба на браната Отиње и за канализационите системи во општините Ресен и Чучер Сандево. Во делот на железницата, од министерството информираат дека има намалување од по 800.000 евра кај субвенциите за надоместување на загубите во патничкиот железнички сообраќај на Железници на РСМ-Транспорт и за одржување на железничката инфраструктура во делот на ЈП Железници инфраструктура.

– Сакаме да потенцираме дека нема предвидено намалување на средствата во делот на инвестициите за реализација на капиталните инвестиции, односно изградбата на пругата кон Република Бугарија ќе се одвива континуирано без да се намалат средствата – велат од Министерството за транспорт и врски.

Од Министерството истакнуваат дека извршеното намалување на финансиските средства нема да влијае врз реализацијата на инфраструктурните проекти, дури и онаму каде што е извршено кратењето. Станува збор за градежни зафати што се реализирале во период од неколку години, така што планирањето и обезбедувањето на средства за нив ќе било направено во буџетите за наредните години.

– Важно е дека износот на намалувањето на средствата предвидени со буџетот на Министерството за транспорт и врски за оваа година ќе биде надоместен со буџетите на Министерството за следните неколку години – посочуваат тие.

Владата поради новонастанатата состојба со корона вирусот во земјава мораше да ги намали за околу 106 милиони евра средствата за 2020 година со кои располагаа министерствата, Собранието, претседателот на државата, разни државни органи, агенции и тела. Овие средства се прераспределени за спроведување на мерките за справување со Ковид-19 во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...