fbpx

Напад врз цивили во Тел Авив, повредени осум лица

Одговорноста за нападот ја презеде Хамас, која преку соопштение изјави дека тоа е одговор на тековната операција на Израел во Џенин

-

Во вчерашниот напад кој се случил во израелскиот град Тел Авив повредени се осум лица. Напаѓачот најпрво влетал со возило во толпа луѓе, а потоа излегол од возилото со намера за да избоде цивили, известува Си-Ен-Ен.

Одговорноста за нападот ја презеде Хамас, која преку соопштение изјави дека тоа е одговор на тековната операција на Израел во Џенин.

Напаѓачот бил убиен од вооружен граѓанин, рекол портпаролот на полицијата. Нападот кој се случи на улицата Пинчас Розен во Тел Авив, тој го опиша како „терористички напад“. Во нападот еден од повредените е 46-годишна жена која е во тешка состојба, соопштија од итната медицинска служба.

Ури Шахам, началникот на израелската служба за итни случаи опиша како се одвивал нападот.

„Овој терористички напад беше комбиниран, најпрво возилото удираше во пешаци, а потоа возачот го остави автомобилот, излезе надвор и избоде невини цивили“, изјави тој.

Во соопштението на Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ) стоеше пофалба за нападот од вторникот, велејќи дека тоа е „одговор на отпорот на она што се случува во Џенин“, но не ја презеде одговорноста за нападот во соопштението.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нападот и прободувањето во Тел Авив го нарече „грозоморен терористички напад“.

Длабока загриженост за порастот на насилството во Џенин изразија групите за човекови права како и УНИЦЕФ, кој објави дека во нападите кои се одвиваат во последниот период животите ги загубиле најмалку три деца, изјави во вторникот нејзиниот регионален директор на Блискиот Исток и Северна Африка, Адел Ход.

ИзворCNN

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...