fbpx

Најсочните изјави на министерот Миле Јанакиески

-

Во снимените разговори што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги објави денеска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, заедно со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја дели главната улога. На Јанакиески, очигледно, му била дадена голема одговорност за локалните избори во 2013 година. Министерот за транспорт и врски во досега нечуено издание…

 

Јанакиески на непознат соговорник:

Кире, овие што се од Гази Баба, од Свети Николе?“

„Тие се на една адреса или на многу?“

„Ама дали има на една адреса по 10-15 души?“

 

Јанакиески на непознат соговорник:

„На транспортериве, треба некако да им дадат поддршка. Ќе им пуштиме муабет дека СДСМ, ако добие власт, дека на Албанец ќе го дадат Министерството.“ 

 

Јанакиески на Горан Трајковски:

„Пиштење, вриштење, што да ти кажам.“

 

Јанакиески на непознат соговорник:

„Гоцо, дај бе за таксиво малку ангажирај се. Сите комуњари во Центар тие ги носеле.“

„Земи му ја лиценцата. Ќе го замолиме да му откажи во недела сабајле послушност и сите ќе се заглават со 500 гласа.“ 

 

Јанакиески на Спиро Ристовски:

„Му ја е..в мајката на тој од Ново Село.“ 

 

Јанакиески на Спиро Ристовски:

„Стоте пензионери реши ми ги. Ајде, чао.“ 

 

Јанкиески на непознат соговорник:

„Значи, вчера упад му направив во Прилеп, му е..в мајката. Истото го направив во Радовиш. Истото му го направив во Кавадарци, истото му го направив во Неготино.  Истото го направив и во Струмица. Рoсоман го пуштив на Спирковиќ, не знам друго шо да правам за Росоман и тоа е…“

Јанакиески на непознат соговорник:

„Љупчо, не го бива овој инспекторов, маме е..а вчера. Да му е..м мајката, у п…а да му е..м. Тој што требаше да се затвори, пријател му бил, не го затворил.“ 

 

Јанакиески на Душко Миновски:

 

„И малку остро, ај у п..ку мајчину нека фатат, не им се работи.“ 

 

Јанакиески на непознат соговорник:

„Прво твоиве директори да ги стегнат овие вработениве, многу има вработени.“

„Да клоца, да лобира и така натаму.“

 

Јанакиески на Ирена Мишева:

„Ве молиме за конечна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Центар да обезбедите уште еден глас за ВМРО-ДПМНЕ.“

„Може ли една работа, еден телефон да го ставиш вон употеба?“

„Од ЕСДЕЕС, лобира, 306 775.“

„ 306 775 да биде исклучен да не работи нешто…“

„070“

„Да го ставиш вон сила, да не можат да вртат…“

 

Јанакиески на непознат соговорник:

„Да ги викнеме, да ги уплашиме малку дека ќе ги брка Жерновски?“

„Треба многу јак притисок. Мислам имаше и минатиот пат, ама на луѓето треба притисок огромен.“

„Треба да му кажеме да гласат за нас и да дадат потврда дека гласале за нас.“

„Со триаголниче речи му ќе гласаш и ќе ти го провериме ливчето, ако не гласаш ќе те избркаме од работа. Победуваме секако, тоа треба да биде муабетот.“

 

Миле Јанакиески на Гордана Јанкулоска:

„А епа како мислиш? Да поништуваме?“

 

Миле Јанакиески на непознат соговорник:

„Стегајте брат, пуштај ако треба полиција, од дома нека ги зема.“

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...