fbpx

Најмногу дожд синоќа наврна во скопски Петровeц

-

До осум часот утрово водниот талог во Петровец, бил 41 литар на метар квадратен, во Демир Капија 40, во Скопје 33, во Тополчани 32, во Тетово 30, во Маврово 29, во Битола 28, во Ѓуриште 27, во Охрид 19, во Претор 18, во Пожаране 16, во Лазарополе 14, во Куманово 13, во Виница 11, во Прилеп, Дебар, Гевгелија, Штип и Пожар 9, а во Крива Паланка два литра, соопштија од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И денеска Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.

Преку ноќта повремени врнежи имаше во поголемиот дел од земјата, а утрово пороен дожд со грмежи има во централните и северните делови. Движењето на облачната маса со врнежи е кон север и таа доста брзо се извлекува кон Србија.

Во следните неколку часа оваа облачност ќе се намали и во северните делови ќе има само повремен дожд.

Нестабилност има и во југозападните делови, a повремен пороен дожд во претпладневните часови ќе има и на западот од земјата.

Попладне ќе остане нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, но тие ќе се почести на југ и југозапад.

Дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 31 степена.

Во Скопската котлина претпладне ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Во попладневните часови и понатаму ќе има услови за нестабилно време со појава на грмежи, но врнежите ќе се поретки, иако повремено ќе имаат засилен интензитет. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

УХМР предупредува на поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...