На МРТ ѝ требале уште 469 вработени, во моментов ангажирани 755 лица (инфографик)

-

На Македонската-радио телевизија (МРТ) ѝ недостасуваат 469 вработени, според најновиот Правилник за систематизација на работните места што го усвоил Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 23 април годинава. За извршување на работните задачи во јавниот радиодифузен сервис е утврдено дека се потребни 1.224 извршители, додека во моментов се пополнети 755 работни места во оваа куќа.

Податоците ја покажуваат загрижувачката состојба со испразнетите работни места, која е особено евидентна кај новинарите. Од вкупно 407 новинари колку што треба да бидат вработени во сите радио и телевизиски канали на МРТ, испразнети се 202 работни места на кои треба да се вработени новинари. Се забележува дека дневно-информативните редакции, како и оние за економија, се релативно пополнети кај сите канали, но затоа пак фалат новинари во многу други редакции.

Од Правилникот за систематизација на работните места може да се увиди дека недостигаат новинари во редакциите за научна програма, општо образование, обработена програма, деца и млади, играно-документарна програма, странска и домашна документарна програма, забавна програма, драма и филм, култура и уметност, училишна редакција. Во МРТ недостигаат вработени новинари како во каналите што произведуваат програма на македонски јазик, така и во оние што продуцираат програма на албански, турски, ромски, влашки, бошњачки и српски јазик.

Податоците покажуваат дека фалат новинари и во редакциите за веб, онлајн и социјални мрежи, додека вкупно 15 новинари фалат и кај дописничката мрежа на МРТ од внатрешноста на земјава. Треба да се напомене дека на јавниот радиодифузен сервис му недостигаат и други работни места за производство на програма, како што се снимателите.

Покрај недостигот на работни места, МРТ веќе пет години наназад се соочува со опаѓање на вкупниот годишен приход што тие го остваруваат. Јавниот радиодифузен сервис лани остварил вкупни приходи од 15,1 милиони евра, односно за околу 5,7 милиони евра помалку во споредба со 2015 година. Она што треба особено да загрижува е најавата на раководството на МРТ дека нема да можат да вработуваат и во текот на 2020 година. 

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...