fbpx

Приходите на МРТ продолжиле да опаѓаат и лани, заедно со бројот на вработени (инфографик)

-

Македонската-радио телевизија (МРТ) во 2019 година остварила вкупни приходи од 15,1 милиони евра или за 300.000 евра помалку во однос на 2018 година, се вели во Годишниот консолидиран извештај за 2019 година на ЈРП МРТ. Приходите на јавниот радиодифузен сервис опаѓаат веќе петта година по ред, при што лани истите биле намалени за околу 5,7 милиони евра во споредба со 2015 година.

Најголем извор на приходи доаѓаат преку Министерството за информатичко општество и администрација, од каде што МРТ лани добила околу 14,5 милиони евра за финансирање на радиодифузната дејност. Приходите од реклами биле намалени за над 2 и пол пати, така што рекламирањето учествувало само со 1,4 отсто од вкупниот приход, се вели во извештајот за 2019.

Покрај тоа што приходите се наоѓаат во слободен пад, јавниот радиодифузен сервис се соочува и со намалување на бројот на вработени. МРТ на крајот од 2019 година имала вкупно 768 вработени, односно за 50 лица помалку од декември 2018 година. Најголем дел од лицата на кои им е прекинат договорот за вработување е поради пензионирање – вкупно 38. Дури 13 од вкупно 51 лице на кои им е прекинат договорот за вработување се новинари. Притоа, лани било вработено само 1 лице, и тоа во Секторот за финансиско работење, се посочува во Извештајот за реализација на Програмата за работа на ЈРП МРТ.

Она што особено треба да загрижува за непреченото функционирање на јавниот радиодифузен сервис е најавата на раководството на МРТ дека нема да можат да вработуваат и во текот на 2020 година.

Од јавниот радиодифузен сервис веќе информираа дека го намалиле долгот на МРТ за над 2,8 милиони евра, така што вкупните обврски од нивна страна изнесувале околу 11,8 милиони евра заклучно со крајот на 2019 година.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...