Фото: МОН

Вчера прва доза вакцина примиле 3.263 граѓани, а вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Заклучно со вчера, на сите вакцинални пунктови во државата се вакцинирани вкупно 281.847 граѓани.

Досега во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.

Со последните бројки, барем една доза вакцина има примено 51 отсто од населението над 70 години, 45 оттсо од граѓаните над 65 години и 38 оттсо од населението над 60 години.

Од МЗ повторуваат дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес на веб страницата vakcinacija.mk и лица вработени во критична инфраструктура. Вакцинацијата се одвива во неколку градови, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.