Фото: Министерство за здравство

Во државата вкупно се аплицирани 452.424 дози вакцини, а ревакцинирани се 193.029 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.840 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани.

„Со последните бројки 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 отсто од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Од ресорот здравство велат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 450.634 граѓани.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.