fbpx

МЗ: Неосигурените лица и граѓаните на Косово ќе плаќаат исто за приватните услуги на клиниките

Македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи станува збор за приватна услуга. Граѓаните кои плаќаат здравствено осигурање во никој случај нема да бидат на било каков начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, објаснуваат од министерството

-

Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на земјава кои се неосигурани и кои плаќаат приватно.

„Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу странските државјани и државјаните на РСМ, туку изедначувањето е со приватните пациенти кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување“, велат од Министерството за здравство.

Овој одговор следува откако министерот за здравство Фатмир Меџити во гостување на ТВ21 рече дека е „донесена одлука за регулирање на цените на здравствените услуги во Македонија, како за македонските државјани, така и за граѓаните од Косово и Албанија“. Меџити посочи дека целта е граѓаните на овие земји да плаќаат исто колку и македонските државјани.

„Косовските граѓани плаќаат двојни цени во јавното здравство. Дадовме наредба ова да се израмни и да има исти цени и за граѓаните кои доаѓаат од Косово. Исто така, презедов мерки и за граѓаните од Албанија да плаќаат исти цени како македонските државјани“, рече Меџити, а пренесе ТВ21.

Оваа изјава предизвика реакции во јавноста, па од Министерството за здравство денеска појаснуваат дека всушност македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи станува збор за приватна услуга.

„Тоа значи дека граѓаните кои плаќаат здравствено осигурање во никој случај нема да бидат на било каков начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, државјаните секако партиципација ќе си плаќаат, односно ќе плаќаат поевтино. Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за во другите клиники. За овие промени не се потребни никакви промени во законот, бидејќи дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници односно еден ценовник за приватни здравствени услуги“, велат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека со оваа промена, на странските државјани им се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со што се промовира јавното здравство како достапна ефикасна здравствена услуга конкурентна на пазарот на трудот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...