МЗ: 78 отсто од починатите од ковид-19 не биле вакцинирани

-

Во периодот од 6 август лани до 13 јануари на територија на државата позитивни на ковид-19 биле 85.593 граѓани, а од нив 37% односно 32.079 лица биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство.

Според анализата на Министерството, невакцинирани биле останатите 53.514 граѓани. Во болниците низ државата моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, а 81% не се вакцинирани.

„Изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден“, наведено е во соопштението од Министерството.

Што се однесува до смртноста, во истиот период 78 отсто од починатите не биле вакцинирани, а 22 проценти имале примено вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Од Министерството за здравство повторно укажуваат на важноста на вакцинацијата и апелираат граѓаните да се вакцинираат, зашто само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на вирусот.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...