Средствата кои Македонска радио телевизија ќе ги добие од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе ги искористи за нов канал специјализиран за детска програма.

Ова го најави директорот на МРТВ, Марјан Цветковски, при потпишувањето на договорот во АВМУ, од каде што јавниот дифузер доби 30 милиони денари (488 илјади евра) за набавка на заштитна опрема на новинарите за време на корона вирусот, но и за продукција на нова програма.

„Најавувам дека во деновите кои што следуваат, ќе се реализира одлуката на Програмскиот совет која што е од поодамна, за започнување на нов програмски канал, исклучиво само за детска програма. Нашите гледачи во периодот што следи треба да очекуваат за 20 дена максимум да почнеме со специјализиран канал за детска програма,“ најави Цветковски.

Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, истакна дека добро е парите (73 милиони денари или 1,2 милиони евра) кои се даваат и на други комерцијални и непрофитни радиодифузери да се искористат за продукција на нова програма, со посебен акцент на продукција од страна на јавниот сервис.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.