Министерството за внатрешни работи соопшти оти шалтерите за издавање на готови пасоши и лични карти во МРТВ и Беко ќе работат и денеска, во сабота.
Ова најава доаѓа откако се ширеа застрашувачки видеа и слики од долгите редици кои се формирале при подигнувањето на нови лични документи. Медиумите известија оти некои граѓани чекале и по пет часови.
Според Преспанскиот договор, личните документи мора да се заменат до 12 февруари годинава и на нив да пишува „Северна Македонија“.