fbpx

„Можеби избрзав малку“ вели Саша Богдановиќ откако го нарече Никола Димитров „идиот“

-

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на својот профил на Фејсбук му честиташе на писателот Петер Хандке за Нобеловата награда за литература, чиешто врачување беше бојкотирано од неколку земји поради поддршката што Хандке ја давал на Слободан Милошевиќ и на неговиот режим во текот на војните во поранешна Југославија и поради негирањето на геноцидот во Босна и Херцеговина, пишува „Порталб.мк“. Потоа во коментар Богдановиќ го нарече македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров „идиот“, но набргу го избриша коментарот.

Богдановиќ за „Порталб.мк“ вели дека навредата била последица на избрзана постапка и дека воопшто не поддржува луѓе што поддржуваа злосторства против човештвото.

– Нормално, не сум поддржувач на злосторства, без разлика за кого станува збор. Можеби избрзав малку. Сите сме луѓе и може да избрзаме. Му кажав на министерот дека тој застапува политика на држава, а не на доделување награди. Сепак станува збор за книжевност. Министерот не треба да се меша во работи што не се во негова надлежност – вели Богдановиќ.

Македонија изрази солидарност со Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Албанија и Турција, кои ја бојкотираа церемонијата на доделувањето на наградата

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...