fbpx

Москва: Пет повредени во експлозија на бомба

-

Пет лица синоќа се повредени при експлозија на рачно изработена бомба на автобуска станица во центарот на Москва, соопшти денеска московската полиција.

– Почната е истрага против ваквото хулиганство – изјави портпаролот на московската полиција Максим Колосветов.

Според првичните информации од истрагата, експлозивот е фрлен или од автомобил или од некоја висококатница во близина, при што неколку лица се повредени. Експлозијата одекнала во дел од градот каде се наоѓаат голем број кафулиња и ресторани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...