fbpx

Москва нема да ја ослободи украинската жена-пилот

-

Русија не се согласи да ја ослободи украинската жена-пилот Нада Шевченко, која 63 дена штрајкува со глад во притвор во Москва, соопшти Кремљ.

На мировните преговори во Миск е договорено да бидат разменети сите затвореници, дури и оние кои се „незаконски протворени“, но, како што соопшти Пешков, случајот со Шевченко ќе биде решен на суд.

Триесет и тригодишната Шевченко е обвинета дека е вмешана во смртта на двајца руски новинари, кои загинаа на истокот на Украина во јуни, и е под истрага на Федералните служби за безбедност.

Шевченко ја киднапирале проруските борци во Источна Украина и ја прошверцувале во Москва, каде е во притвор. Официјална Москва, пак, тврди дека таа сама ја минала границата, по сопствена волја, преправајќи се дека е бегалка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двојно убиство на брачен пар во Стајковци, осомничениот пронајден со убоди и е хоспитализиран

Денеска во 12.30 часот во село Стајковци, скопско, по пријава во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, биле пронајдени лицата С.К. (57) и нејзиниот сопруг В.К. (64) на терасата...