fbpx

Монтиран твит за сеење меѓуетничка нетрпеливост проголтаа српски медиуми, „Танјуг“ и српското МО

-

Една „фотомонтажа“ на твит, која предизвика многу гнев во српскојазичните медиуми на Балканот, е темата со која неодамна се зафати босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против лажните вести „Раскринкавање“ и докажа дека станува збор за лошо „скрпен“, односно измонтиран твит кој му се припишува на Емир Суљагиќ, од неодамна директор на Меморијалниот центар „Поточари“.

„Твитот“ кој гласи „Јасеновац е четничка измислица. Чесните бошњаци од дивизијата Ханџар ја пропуштија шансата да ги „решат“ четниците, затоа тоа ни е нам оставено во аманет“ воопшто не е дело на Суљагиќ, пишува „Раскринкавање“, туку е многу невешто измонтиран твит со помош на некој од веб-страниците за таква намена.

Дополнително, и Суљагиќ енергично демантирал дека е тоа негов твит, укажувајќи дека има зборови пишувани на „екавица“, а кои тој би ги напишал на „јекавица“ – „реше“ (решат), а тој би напишал „ријеше“.

Сеедно, на таа стапица се фатија голем број српски медиуми, државната агенција „Танјуг“, а лажната вест ја „проголтало“ и српското Министерство за одбрана, без да ги прочитаат не само аргументите на Суљагиќ, туку и укажувања на голем број други твитерџии, кои посочувале на фактот дека ако такво нешто новиот директор на меморијалниот центар навистина „твитнал“, тогаш многу повеќе луѓе би го виделе тоа и би направиле скриншотови, односно би имало голем број идентични докази, пишува „Раскринкавање“.

Српскиот сервис за проверка на фактите и за борба против лажни вести „Истиномер“, пак, се зафаќа со еден обид со пласирање невистини да се „демонтира“ афера, односно да се ублажат последиците од аферата со плагирањето на докторскиот труд на актуелниот министер за финансии за на Србија, Синиша Мали.

Имено, во телевизиска емисија, српскиот претседател Александар Вучиќ рекол дека Мали не е единствениот „што бил истражуван, кому му бил укинат докторат“, а на потпрашање на кого мисли, тој одговорил „Па, големиот Данило Киш“, мислејќи притоа на познатото дело од овој славен писател од Србија, „Гробница за Борис Давидович“.

Но тоа е невистина, пишува „Истиномер“, оти во случајот на Киш станува збор за обвинување за плагирање книжевно дело, кое патем, не е истражено ниту докажано, а во случајот на докторатот на Мали станува збор за јасна одлука на Универзитетот во Белград дека докторатот на актуелниот српски министер за финансии е плагијат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...