понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Истиномер | 12 резултати

Хакерски напад на веб-страницата на српски „Истиномер“, редакцијата поднесе кривична пријава

декември 17, 2019

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Истиномер“ поднесе кривична пријава против непознати лица поради ДДОС нападот што бил извршен вчера на веб-страницата. Пријавата е поднесена во Одделението за високотехнолошки криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија. Нападот почнал нешто по 16 часот а сајтот бил соборен поради оптоварувањето со […]

Хакерски напад го помати 10-от роденден на српски „Истиномер“, но поттикна поголема посветеност на борбата против дезинформациите

декември 12, 2019

Еден од најстарите сервиси за проверка на фактите и ветувањата на политичарите и функционерите, како и борец против лажните вести, српскиот „Истиномер“, пред два дена одбележа 10 години постоење. „Истиномер“ ги повикува политичарите и другите јавни личности на одговорност за јавно искажаниот збор и ветувања. Граѓаните ги повикува на добро паметење, внимателно проверување и поврзување […]

Монтиран твит за сеење меѓуетничка нетрпеливост проголтаа српски медиуми, „Танјуг“ и српското МО

декември 5, 2019

Една „фотомонтажа“ на твит, која предизвика многу гнев во српскојазичните медиуми на Балканот, е темата со која неодамна се зафати босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против лажните вести „Раскринкавање“ и докажа дека станува збор за лошо „скрпен“, односно измонтиран твит кој му се припишува на Емир Суљагиќ, од неодамна директор на Меморијалниот […]

Петокот не е црн поради робовите во САД, а малите ХЕЦ се ќар за инвеститорите

декември 3, 2019

Дали терминот „Црн петок“, ден на купувачка треска, кога трговците нудат огромни попусти, а купувачите понекогаш „гинат“ и се тепаат да купат нешто со огромен попуст потекнува од трговијата со робовите во САД или пак неговото потекло е поинакво е прашање со кое се зафаќа хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите […]

Регионот против дезинформациите: Политички лаги за опозиционерите во Србија

ноември 26, 2019

Справување со политички мотивирани невистини во Србија вршат два српски сервиса за проверка на фактите и за борба против дезинформациите. „Истиномер“ ја оценува изјавата на Сузана Васиљевиќ, советничка за медиуми на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дадена во емисија на телевизијата „Пинк“. Таа меѓу обидите да ги „дисциплинира“ новинарите што се критички настроени кон власта, […]

Анализа: Регионот доцни во отворањето фронт против дезинформациите

септември 20, 2019

Македонија е фактички првата земја во регионот во која власта отвора институционален фронт со дезинформациите. Медиумски експерти и новинари од Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово, во серија интервјуа за „Мета.мк“ во текот на изминатиот период, велат дека кај властите во нивните земји не се забележува заинтересираност за отпочнување или вклучување во […]

Синиша Дедеиќ: Со дезинформациите власта во Србија прави симулација на реалноста

август 20, 2019

Синиша Дедеиќ е уредник во „Истиномер“, а дел од тимот на „ЦРТА“ е од 2010 година. Дедеиќ заедно со тимот на новинари на „Истиномер“, портал за јавна отчетност и транспарентност, внимателно ги следат, проверуваат и оценуваат ветувањата и изјавите на политичарите, дали се доследни во нивната политика и јавната комуникација и дали ја кажуваат вистината. […]

Уапсени две лица за нападот врз српскиот опозициски лидер Стефановиќ во Крушевац

ноември 24, 2018

Српската полиција соопшти дека синоќа уапсила две лица осомничени за нападот врз Борко Стефановиќ претседателот на партијата Левица на Србија и еден од основачите на опозискиот Сојуз за Србија, пренесува „Истиномер:Вести“. Во петокот, пред трибина на неговата партија во Крушевац, Стефановиќ го нападнала група маскирани лица вооружени со палки и метални шипки, кои претепале уште […]

Страна 1 од 1