fbpx

Молдавија: Проевропските партии водат на изборите пред проруските

-

Проевропските партии во Молдавија се во блага предност во однос на прориските, покажаа првичните резултати од вчерашните парламентарните избори, соопшти изборната комисија.

Трите партии кои се залагаат за влез на Молдавија во Европска Унија, заедно освоија 44 отсто од пребројаните 87,7 отсто од гласовите.

Проруската опозиција заедно освои 40 отсто од гласовите. Изненадувачки е што проруската Социјалнистичкат партија освои 21,6 отсто од гласовите, а втора е Либерално-демократската партија која се залага Молдавија да стане дел од ЕУ.

Имајќи предвид дека нема апсолутен победник, политичките партии, водејќи се од изборните резултати, ќе мора да формираат коалиција.

На изборите излегоа 39 отсто од гласачите, односно повеќе од една третина од гласачкото тело, колку што е неопходно за валидност на изборите.

Проевропската коалиција веќе е на власт во Молдавија, но главните опозициски партии, Комунистичката и Социјалистичката партија, сакаат да ја зајакнат соработката со Русија и да ја поништи Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, потпишана во јуни годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...