fbpx

Модернизирање на железничката мрежа е од големо значење за економскиот пораст

-

Да се создаде патна и железничка мрежи од грчкото пристаниште Пиреја до Централна Европа преку територијата на Македонија. Ова денеска беше разгледувано на состанокот на претставници на железничките компании од регионот и кинеската компанија „Коско“.

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, истакна дека 60 проценти  од увозот на стоки во Македонија пристигнува од пристаништата во Пиреја и во Солун. Железничкиот сообраќај учествува само со 10 проценти во вкупниот транспорт, што се должи на застарената железничка инфраструктура.

– Официјалните податоци покажуваат дека повеќе од 60 отсто од увозот на стоки во Македонија се реализира преку „Океанскиот пат на свилата“ од пристаништата во Пиреја и во Солун. Инвестициите во модернизацијата и во создавањето на патна инфраструктура се од особено значење за економскиот развој на земјата, на регионот, како и за индивидуалниот пораст на компаниите – изјави вицепремиерот Владимир Пешевски.

Железничкиот транспортен сообраќај учествува само со 10 отсто, што во голема мера се должи на застарената железничка инфраструктура. Изработени се вкупно 11 проекти за рехабилитација на железничката мрежа, за чија реализација се потребни 750 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат...