fbpx

МНР на Украина: Минирањето на Запорижја е закана за нуклеарен инцидент

„Ја повикуваме меѓународната заедница, вклучително Групата седум и ЕУ, да преземат итни мерки за да се спречи нуклеарна катастрофа на АЕЦ Запорижја, особено да се воведат зајакнати рестриктивни мерки против руската нуклеарна индустрија и воено-индустрискиот комплекс на Руската федерација“, бара украинското МНР

-

Минирањето и другите форми на милитаризација на нуклеарната централа Запорижја од страна на Русија, се непосредна закана од нуклеарен инцидент во најголемата нуклеарна централа во Европа, наведено е во соопштението испратено од Украинската амбасада во Скопје, во кое се пренесува реакцијата на Министерството за надворешни работи на Украина во врска со загрозувачката ситуација во Запорижја.

„Според информациите на украинските разузнавачки агенции, Русија разгледува сценарио за извршување на терористички акт на привремено окупираната АЕЦ Запорижја. Ваквиот терористички напад ќе има глобални последици“, наведено е во соопштението.

Оттаму потенвцираат дека со окупирањето на АЕЦ Запорижја, Русија грубо го крши меѓународното право и нормите и стандардите за нуклеарна безбедност, вклучително и седумте основни принципи на МААЕ во однос на нуклеарната безбедност и заштитеност.

„Очекуваме јасна оценка од генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси во врска со злосторните дејствија на Русија. Нивото на предизвици и закани со кои се соочува глобалниот режим на нуклеарна безбедност денес како резултат на војната на Руската федерација против Украина е исклучително високо и бара консолидација и зајакнување на меѓународните напори за спречување на нуклеарна катастрофа“, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека како држава-терорист, Русија ги прекрши сите клучни принципи на меѓународното право за нуклеарна безбедност и огромното мнозинство од сопствените обврски од договорот, но сè уште не се соочила со праведни последици за своите злосторства.

„Ја повикуваме меѓународната заедница, вклучително Групата седум и ЕУ, да преземат итни мерки за да се спречи нуклеарна катастрофа на АЕЦ Запорижја, особено да се воведат зајакнати рестриктивни мерки против руската нуклеарна индустрија и воено-индустрискиот комплекс на Руската федерација. Инсистираме на потребата да се признае Русија како држава-терорист и да се обезбеди неизбежност од политички, економски и правни последици за сите злосторства и незаконски дејствија извршени од неа“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...