fbpx

МНР: Македонските граѓани да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија

Апелот на МНР следува откако Словенија ја зафати големо невреме поради што се затворени голем број на патишта и автопати низ целата земја

-

Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите граѓани на Северна Македонија да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија, особено подрачјата покрај реките. Апелот на МНР следува откако оваа држава ја зафати големо невреме, поради што се затворени голем број на патишта и автопатишта низ целата земја.

Министерството ги повикува граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни.

Од МНР ги замолуваат македонските граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуална помош, да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана на телефонските броеви +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на е-адресата [email protected].

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-адресата [email protected].

Големо невреме ја погоди Словенија, поплавите предизвикаа материјална штета

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...