fbpx

Објавен е нацрт-извештајот од Европската комисија за Кластер 1, „Фундаментални вредности“

Поединечните наоди ќе ги коментираме во натамошна фаза кога ќе треба да се вградат во Патоказите, кои ќе консултирани со сите општествени чинители, во еден транспарентен и инклузивен процес, објаснува вицепремиерот Маричиќ

-

Европската комисија (ЕК) веќе го објави и достави нацрт скрининг-извештајот за Кластер 1, „Фундаментални вредности“, за Северна Македонија. Оценката на Комисијата во Извештајот се заснова на информациите добиени за време на скринингот како и на дијалогот што се води во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и годишните извештаи на ЕК кои се дел од пакетот за проширување.

„Ова е само нацрт-извештај кој допрва ќе се дискутира од страна на земјите членки на ЕУ и доаѓа во вистинско време кога интензивно работиме на изработка на патоказите“, вели вицепремиерот Маричиќ.

Извештајот ја отсликува состојбата на државата и насока за идните реформи кои Северна Македонија треба да ги направи во областа на владеењето на правото, поточно реформите во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и човековите права, како и да го зајакне функционирањето на демократскиот институции и реформата во јавната администрација, со цел исполнување на условите за членство во Унијата.

„Извештајот за нас е водич и основа за подготовка на клучните документи-патоказите, а истовремено е рефлексија на скрининг процесот, кој трае скоро една година. Поединечните наоди ќе ги коментираме во натамошна фаза кога ќе треба да се вградат во Патоказите, кои ќе консултирани со сите општествени чинители, во еден транспарентен и инклузивен процес“, објаснува вицепремиерот Маричиќ.

Во Секретаријатот за европски прашања во моментот се работи на македонски превод на документот, на скрининг Извештајот, кој ќе биде дополнително објавен на нивната официјална веб страна, информираат од СЕП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...